Радио Кочани
Кочани

Ќе има ли крај на кочанските лудории !!!

3,340

Не престануваат кочанските лудории. Денеска попладне кога температурите беа највисоки, едно лице од чиста мира го запали ѓубрето околу контејнерот кај Спомен домот „Асном“ и си продолѓи како ништо да не е било.

Огнот брзо се разгоре и почна да се шири. Постоеше опасност преку сувата вегетација да ги опфати и околните куќи во непосредна близина.

Веднаш беше повикана ТПЕЕ, која  со возилото пристигна за неполни три минути и веднаш започнаа со неутрализација на пламените јазици.

Тројцата пожарикари по половина час со триста литри вода, колку што е капацитетот на возилото, успеаја докрај да ја изгаснат и последната искра за да не дојде до повторно разгорување.

Гореше сунгер, пластика, платно и други лесно зпалливи материјали.

Граѓаните на Кочани се научија овде да исфрлаат се и сешто.

Пред само два дена работниците на „Водовод“ го исчистија местото, со машина, а на асфалтот околу контејнерот немаше ни шушка.

Додека се гасеше огнот неколку возила што носеа домашни отпадоци севратија.

Ќе ја сочекаат следната прилика.

Од „Водовод“ се на идеја да го кренат овој контејнер овде, само не се сигурни дека тоа ќе биде решение за проблемот.

Само едно е сигурно, дека ако се продолжи вака, штетите можат да бидатненадоместливи, а ваквите опасни лудории да немаат крају !!!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio