Денеска, понеделник, 18 август, во Кочани, активностите од програмата на ЦПЦА Малинска – „Лето во друштво“, продолжуваат!
Вечерва од 18 ч., во дворот на Библиотеката „Искра“ ќе се одржи музичката работилница – „Инструменти од светот“. Не е потребно никакво предзнаење од исполнување на некаква музика, туку само добра волја да се истражува, сака и заеднички да се креира музика, порачува организаторот.
Исто така од 18 ч во СОУ „Љупчо Сантов“ предвидени се низа спортски активности, а од 19 ч. во Шаховскиот клуб „Кочани“ ќе се игра шах со Емил Ристевски, најмладиот македонски интернационален мајстор.
Програмата „Лето во друштво“ во Кочани започна на 15. август и минатата седмица беше исполнета со повеќе настани.
Покрај другото, младите учествуваа во фотографската работилница за цијанотипија, а во СРЦ „Бавчалук“ и во Градскиот парк создаваа мандали – уметнички инсталации на отворено – со природни материјали: камчиња, листови, шишарки…
Ја истражуваа улицата со фотографски апарат и во секојдневието ловеа човечки емоции, движења, симболи, уникатни моменти и елементи од урбаниот простор.
Активностите од „Лето во друштво“ во Кочани завршуваат на 23 август.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе