Радио Кочани
Кочани

„Добринишко културно лето“ – успешен настап на ФА „Љупчо Сантов“ во Бугарија

137

 

„Добринишко културно лето“, викендов во градот Добриниште, Република Бугарија, се одржа културна манифестација на која учество земаа и членовите на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари. Членовите од големата група на ансамблот задоволни се вратија од успешната турнеја во бугарскиот град, каде што се претставија со повеќе ора: *Водарки*, *Шопчето*, *На трипати* и *Крстачка*.

Концертот се одржа во саботата, на плоштадот во Добриниште, каде покрај домаќините настапија и членови на ансамбли од други градови од Бугарија. Публиката беше воодушевена од настапот на ФА „Љупчо Сантов“, а на крајот на фестивалот ансамблот доби диплома и плакета за успешно учество.

На „Добринишко културно лето“ настапија фолклорни ансамбли од цела Бугарија, меѓу кои и домаќините од Добриниште. Соработката помеѓу ФА „Љупчо Сантов“ и ансамблот од Добриниште продолжува и понатаму. Се очекува бугарскиот ансамбл да земе учество и на манифестацијата „Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, што традиционално ја организира ФА „Љупчо Сантов“ по повод празникот Ѓурѓовден.

Фолклористите го искористија убавото време за прошетка низ Банско, како и за уживање во топлите базени што ги нуди овој бугарски град. Концертот традиционално заврши со големо оро, во кое се вклучи и публиката.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio