Радио Кочани
Кочани

Крстевски на средба со Иван Георгиев – еден од најнаградуваните средношколци од Кочани

227

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски оствари средба со Иван Георгиев, средношколец во СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, кој минатата учебна година се врати со три државни награди од натпреварите по програмирање, физика и англиски јазик, беше пофален на Македонската олимпијада по информатика и се најде во 25-те средношколци – топ математичари на UltiMATH.

Георгиев е еден од младите амбасадори на Кочани, кои со знаење чекорат напред и се пример што треба да го следат новите генерации.  Разговаравме за неговите интереси и амбиции во натамошното образование и му подарив врамена слика од фриз од Споменикот на слободата во Кочани. Тоа вообичаено е подарок за дипломатските претставници, а целта ми е да го мотивирам за следни успеси и да упатам јасна порака за поддршка на младите – рече  в. д. градоначалникот Крстевски по средбата со Георгиев.

Иван Георгиев истакна дека е посебно радосен што со освоените награди влијае и на рејтингот на училиштето каде што се образува.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio