Радио Кочани
Кочани

Кочанчани ја погледнаа месечината одблизу

1,140

Во Пркот на Револуцијата во Кочани синоќа Скопското астрномско друштво им овозможи на граѓаните да ја набљудуваат месечината, ретка прилика што многумина ја искористија.

Кочанчани од различна возраст преку телескоп го погледнаа единствениот  природниот сателит на Земјата и најблиско небесно тело до неа.

 Имавме идеја да ги покажеме небесните тела, но во овој период може да се види само Месечината. Сега сме два-три дена пред полна Месечина и многу убаво можат да се видат кратери – рече Радан Митровиќ, член на Скопското астрономско друштво.

Оваа активноста претставува  најава за содржините од програмата за млади „Лето во друштво“, којашто ќе трае од 11 до 23 август во организација на ЦПКА-Малинска, Општина Кочани, Локалниот младински совет – Кочани и Сапорт Кочани.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio