Радио Кочани
Кочани

Да го довршиме Божјиот Дом – Апел за поддршка на Храмот „Преображение“ во Кочани

350

Со Божја помош и со љубовта на верниците, изградбата на Храмот „Преображение на Господ Исус Христос“ во Кочани продолжува.
Но за неговото целосно довршување и осветување – потребна е поддршка од сите нас.

 Храмот се наоѓа во населбата Атомски Згради, на влезот во градот од правецот на Оризари, во близина на фабриката  на детската градинка.

Сите кои сакаат да помогнат, тоа може да го сторат преку донации – на денарска и девизна сметка, чии податоци ќе ги видите во продолжение.

Околу деталите зборуваме со Отец Гоце Ефтимов од Храмот „Св. Вмч. Георгиј“.

 Донации може да се уплатат на следните сметки:

Денарска сметка:
300050000202812 – Комерцијална банка
ВОСКРЕСЕНИЕ 2017 Кочани

Девизна сметка:
IBAN: MK07300701004287658
SWIFT: KOBSMK2XK0B

Овој велелепен храм е започнат да се гради во 2006 година, а во 2021 година – со Божја помош и поддршката на верниците – беше доизграден.

Да ја поддржиме изградбата на храмот „Преображение на Господ Исус Христос“ и да станеме дел од едно свето дело што ќе трае со генерации.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio