Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Полицијата со две акции: Уапсен 36 годишен кочанчанец за недозволено оружје, директорка во Виница пријавена за злоупотреба
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 27.01.2025 пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште, нанесувајќи му штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати во износ од 245.666 денари.
