Радио Кочани
Кочани

Превентивни сообраќајни активности: Безбедно лето, вози одморен

227

Општина Кочани со полициски службеници од ПО за БПС – Кочани и ОСБСП – Кочани,  на експресниот пат Штип – Кочани спроведе превентивна активност на тема  „Безбедно лето, вози одморен“.

Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила се укажа на ризиците во летните денови, посебно при патувања на подолги дестинации и потребата да возат одморени затоа што при заморот паѓа концентрацијата, а високите температури се дополнителен ризик за возачите и причина за дефекти кај возилата.

На учесниците во сообраќајот им беше предочено да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи бидејќи во случај на сообраќајна незгода при удар може да дојде и до опожарување на возилото. На возачите им беше нагласено дека честопати несовесно го зголемуваат ризикот оставајќи запаливи предмети во возилото како што се запалки, дезодоранси, алкохолни спрејови и сл., кои во комбинација со високите температури може да предизвикаат експлозии или пожари.

При вакви екстремно високи температури, пред да се вклучи во сообраќај, посебно при подолги патувања, треба да се провери техничката исправност на возилото, вклучувајќи ја и електричната инсталација со препорака да се носи противпожарен апарат и прва помош, а доколку возачите почувствуваат непријатен мирис во возилото прописно да го запрат на безбедно место и да излезат од него. Најбезбедно е да се избегнува пушење на цигара во близина на возилото кое подолго време било на сонце и да не се фрла отпушок од цигарите надвор од возилата. Со зголемениот број возила во летниот период, како во градот така и кон туристичките места, превенцијата и свеста на возачите за можни опасности се клучни за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Покрај сите препораки и мерки за безбедно патување, учесниците во сообраќајот беа потсетени за целосната забрана на движење во шума и потребата за зголемено внимание и превенција за предизвикување на пожари.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio