Радио Кочани
Кочани

Коњичко дефиле во Кочани во чест на жртвите од пожарот во „Пулс“

779

Утре центарот на Кочани ќе биде сцена на свечено коњичко дефиле организирано од Здружението за развој на рурален туризам „Битолска коњаница Галоп“ од Битола, како дел од традиционалната манифестација „Патот на Илинденците“.

Настанот се одржува во чест на празникот Илинден, а годинава дефилето ќе има и посебна симболика – ќе биде посветено на жртвите од трагичниот пожар што се случи во објектот „Пулс“ во Кочани.

Коњаниците ќе започнат со дефилето во 9:00 часот од паркингот кај ресторанот „Але-Дар“, по што ќе се движат по улицата „Димитар Влахов“ до кружниот тек во населбата Стришани, продолжувајќи по булеварот „Стево Теодосиевски“ и улицата „Маршал Тито“ до зградата на Општина Кочани.

По кратка пауза пред општинската зграда, колоната ќе се упати по „Кеј на Револуцијата“ до Полициската станица, а потоа и до Градските гробишта, каде ќе биде оддадена почит на загинатите.

Во дефилето ќе учествуваат околу петнаесет коњаници облечени во традиционална комитска облека, како и други учесници кои ќе ја дадат својата поддршка на настанот. По завршувањето на церемонијата, коњаниците ќе се вратат на почетната точка, а целата манифестација се очекува да трае околу еден и пол час.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio