Радио Кочани
Кочани

Викендов Кочани го одбележува Петровден

1,435

о организација на Општина Кочани, претстојниов викенд, со културно-забавни и духовни содржини ќе биде одбележан Петровден, Празникот на Кочани.

Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот, на 12 јули, со почеток во 13 ч., во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се одржи настан посветен на прекинатата младост на 62-те жртви од 16 март.

Традиционално, во пресрет на Петровден, на 11 јули, со почеток во 17 ч. ќе се одржи вечерна празнична богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ на која ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потоа и литија и кршење на славскиот колач во Градскиот парк во Кочани. Годинава, на концертот на духовна музика, во дворот на црквата „Св. великомаченик Георгиј“ ќе настапи Машкиот византиски хор „Св. Нектариј Битолски“ и Детскиот хор „Св. Стилијан“ од Битола.

На 11 јули, вечерта во Градскиот парк ќе настапат Dj Acko, Марија Данева & #HASHTAG и познатата музичка ѕвезда Владо Јаневски.

Вечерната забава на 12 јули во Градскиот парк ќе ја приредат Dj Olie, Без Памет, Пијан Славеј и групата Суперхикс.

Во рамките на Петровденската програма е и меѓународниот фестивал на влашки песни „За Петровден сите на планина“, средба на градоначалникот со најдобрите ученици,  настанот  „20 часа урбан здив“, Петровденскиот традиционален планинарски марш, како и финалниот натпревар од Петровденскиот турнир во мал фудбал.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio