Радио Кочани
Кочани

Во тек е пријавувањето за Илинденските спортски игри во Зрновци

240

Општина Зрновци и годинава ќе биде домаќин на турнирот во мал фудбал во рамки на дванаесетитте Илинденски спортски игри.

По тој повод Локалната самупрва упати повик до сите љубители на спортот да учествувааат на турнирот.

Натпреварите ќе се играат на мултинаменсото спортско игралиште „Васе Ангелов“, а  пријавувањето на фудбалските екипи е до 15 јули.

За учество по екипа се плаќа 1.500 денари.

И оваа година општина Зрновци обезбеди парични награди. Првопласираната ќе добие 30.000, втората 20.000 и третата ке добие парична награда од 10 000 денари.

Организатори на традиционалниот спортски настан се Локалната самоупрва и Локалниот младински совет на Зрновци.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio