Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Жителите на дел од улицата „Стамен Манов“ се соочуват со сериозна закана по безбедноста на граѓаните. На улицата, каде секојдневно се движат пешаци, деца и возила, веќе подолг период стои отворена шахта без капак, длабока околу 6 метри а жителите кои се дирекно засегнати поставили привремено решение тенок лим кој во секое време може да пропадне.
Овој проблем е уште поопасен поради фактот што токму овој дел каде е опасноста нема ни улично осветлување, што ја зголемува веројатноста за несреќи, особено во ноќните часови.
Жителите алармираат дека шахтата е тешко забележлива во мракот и претставува смртоносна замка. Неколку инциденти се веќе пријавени, а многумина живеат во страв за своите деца кои секојдневно ја користат таа улица на пат кон училиште.
Граѓаните апелираат до надлежните институции итно да ја санираат шахтата и да постават улично осветлување, со цел да се спречат евентуални трагични настани.
