Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани распиша Оглас за организирање на Петровденски хепенинг

555
По повод Петровден – празникот на Кочани, Општина Кочани распиша оглас за организирање Петровденски хепенинг, настан што ќе се одржи во Паркот на Револуцијата (Градскиот парк) во периодот од 11 до 14 јули.
Комисијата за организирање на овој настан ги повикува заинтересираните правни субјекти регистрирани во Централен регистар да учествуваат на јавното наддавање што ќе се спроведе на 9 јули 2025 година, во 12 часот во просториите на Општина Кочани. Учесниците на јавното наддавање треба да уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 5.000 ден., со праг на наддавање од минимум 1.000 ден.
Останатите детали за Огласот за организирање Петровденски хепенинг се во продолжение на следниот линк:
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio