Радио Кочани
Кочани

Лишен од слобода виничанец, возилото му е одземено-возел под дејство на алкохол, без возачка дозвола и со поголема брзина од дозволената, а возилото било нерегистрирано

2,885

На 29.06.2025 во 13.30 часот на регионалниот пат Виница-Берово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Виница го лишиле од слобода М.А.(55) од Виница.

При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

По преземени мерки и извршена контрола, исто така е констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и по наредба на јавен обвинител, задржан во Полициска станица Виница.

При контролата е утврдено и декa сообраќајната дозвола на возилото што го управувал е со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа му е одземено.

При тоа М.А. агресивно се однесувал кон полициските службеници.

Против М.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а и 383 од Кривичниот законик.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio