Радио Кочани
Кочани

Тројца пациенти повредени во пожарот во „Пулс“ сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

2,082

Тројца пациенти повредени во дискотеката во „Пулс“ сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

Во моментов, информациите околку пациентите кои се лекуваат во странство се дека се во стабилна здравствена состојба. Во нашата држава, беше посочено, во Клиничкиот центар на Пластична хирургија, има пациенти кои се таму заради длабочината на повредите, здравствено биле стабилни. Двајца пациенти се во приватната болница „Систина“.

Редовно се следи состојбата на сите пациенти.

Во Пониква во моментов е првата група, при крај, таму со нив се и пет физиотерапевти кои работат по програми, специјалист физијатар и општ хирург. Таму младите сакаат да продолжат и понатаму, имаме барања од некои од нив да продолжат и со втората група. Втората група ќе биде упатена најверојатно од втората половина на јули, одговори Алиу. 

Околу обвинувања на блиски на загинати во пожарот во Кочани, за несоодветен третман во болницата во Кочани и недостиг на соодветна опрема, веднаш по трагедијата, министерот рече дека истрагата од надлежните служби, би требало да даде одговор на многу прашања во врска со трагедијата. Откако бил министер, рече дека кочанската болница е меѓу топ приоритети и дека прават максимум во рамки на можностите за нејзино соодветно опремување. Дополни дека работна група континуирано работела на тоа.

Извор: Сител

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio