Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Лишен од слобода 45 годишен кочанчанец
Денеска (28.06.2025) во 00.30 часот на ул.„Крум Вранински“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.И.(45) од Кочани. При вршење на увид на сообраќајна незгода, утврдено е дека додека Д.И. управувал патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,63 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
