Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Со повреда до сребро – Владимир Грчев ја испиша Македонија и на математичката мапа на Балканот
Ниту болката, ниту повредата не го сопреа. Напротив — му дадоа уште поголема сила да покаже што значи храброст, упорност и генијалност во едно.
Владимир Грчев, талентираниот млад гениј од Кочани, кој оваа година, покрај тоа што е повторно дел од информатичките национални тимови, за првпат беше дел и од Националниот тим по Математика на ЈБМО и постигна неверојатен успех — освои сребрен медал на оваа престижна олимпијада.

Иако настапи со повреда, Владимир не дозволи тоа да го поколеба. Со огромна решителност, и покрај болката, успешно ги решаваше задачите и уште еднаш ја запиша Македонија, но овој пат и на математичката мапа на Балканот.

Ова е неверојатен успех не само за Кочани, туку и за цела Македонија.
Овој сребрен медал е симбол не само на знаење, туку и на сила на духот.
Браво, Владимир – вистински шампион!
