Радио Кочани
Кочани

„Осогово“ се засили со два нови играчи за следната сезона

442

„Осогово“ за новата сезона 2025/26 промовираше две нови засилувања.

Станува збор за искусни фудбалери кои доаѓаат од клубови од нашата држава.

Христијан Митревски – Ито е искусен и етаблиран дефанзивец и многу важно засилување за ГФК „Осогово“. Во нашата екипа доаѓа од новиот прволигаш „Башкими“ од Куманово.
Заедно со Ито, срдечно добродојде во Кочани му посакуваме и на искусниот голман Филип Лазаревски, кој досега настапуваше за „Вардарски“ од Богданци.
ГФК „Осогово“ ја продолжи соработката со сите фудбалери кои го изнесоа најголемиот товар во претходната сезона, се вели во соопштението.
Инаку, „Осогово“ и во наредната сезона ќе се натпреварува во ВМФЛ што треба да започне на 23 август.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio