Радио Кочани
Кочани

Кочани добива средства за старечки дом и атмосферска канализација – одлуката веќе усвоена

1,439

Собранието на Република Македонија, на предлог на Владата, усвои одлука за прераспределба на буџетски средства, со што Кочани добива финансиска поддршка за изградба на старечки дом и атмосферска канализација – два клучни инфраструктурни проекти за градот.

Одлуката е веќе официјално донесена, што значи дека станува збор за конкретна реализација, а не за предизборни ветувања. Средствата се обезбедени, и останува да се потпишат договорите и да се распишат јавните повици за изведба.

Проектите се очекува значително да го подобрат квалитетот на живот во општината – изградбата на старечкиот дом ќе понуди социјална сигурност за повозрасните граѓани, додека атмосферската канализација ќе придонесе за подобро управување со отпадните води и заштита на животната средина.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio