Радио Кочани
Кочани

На 19 јуни во Кочанско – третман од земја за заштита од комарци

274

В четврток, 19 јуни 2025 година, ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.

 

Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на Центарот за јавно здравје Скопје ќе ја реализира првата фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

 

Третирањето ќе се изведува со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

 

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен период.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio