Радио Кочани
Кочани

Асфалтирана улицата „Генерал Апостолски“

1,022

Заврши асфалтирањето на улицата „Генерал Апостолски“, сообраќајница којашто ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари.

Асфалтиран е крак од улицата долг 223 м, со ширина од 6,5 м, со  велосипедска патека широка 1,5 м.

Градежните работи ги изведе „Коле-транс инженеринг“ од Штип.

За изградба на оваа улица Општина Кочани намени 5.760.618 денари од сопствениот буџет.

Според најавите на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, за   доуредување на улицата „Генерал Апостолски“, којашто е пробиена пред повеќе од 30 години, наредниот период ќе биде нарачана изработка на проектна документација за изградба на мост.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio