Радио Кочани
Кочани

Спортската сала при ООУ „Никола Карев“ – Кочани ќе го носи името „Кочанските Ангели“ во чест на трагично загинатите млади

1,506

Училишниот одбор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани на својата последна седница донесе одлука спортската сала при училиштето да го добие името „Кочанските Ангели“. Овој симболичен чекор е направен во трајно сеќавање и чест на младите животи што прерано згаснаа во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“.

Со оваа иницијатива, училиштето изразува длабока почит, љубов и солидарност кон семејствата на настраданите и целата кочанска заедница. Именувањето на спортската сала има за цел да го пренесе значењето на заедништвото, хуманоста и вредноста на животот, особено во простори како спортските сали, каде младите ја изразуваат својата енергија, тимски дух и посветеност.

Одлуката е доставена до Советот на Општина Кочани за понатамошна постапка. Името „Кочанските Ангели“ ќе остане траен симбол и потсетник на болката, но и на силата на заедницата да сочува сеќавања и да гради со сочувство.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio