Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод Светскиот ден на крводарителството – Крстевски на средба со кочанските крводарители
По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски се сретна со кочанските крводарители.

Претставниците на Општинската организација на Црвен крст – Кочани информираа дека на годишно ниво собираат над 1000 крвни единици и реализираат до 22 крводарителски акции.

Годинава крводарителот Ацо Ангелов бележи 135 дарувања крв, Тиме Златков од Тркање – по стоти пат дарувал крв, а младата Сара Бочварева – веќе 11 пати.

– Вие сте слика на хуманоста и како општество мора да научиме да ги вреднуваме хуманите луѓе, посебно крводарителите бидејќи крвта не се произведува – истакна Крстевски, ветувајќи максимална поддршка од Општината и воведување општински мерки за крводарителите.

Во рамки на промоција на крводарителството ОО на Црвен крст – Кочани работи со млади, организира крводарителски акции со средношколците, полицијата и за приватниот сектор.
