Радио Кочани
Кочани

Обвинителството бара мерки за 13те полицајци осомничени за трагедијата во „Пулс“

923

Обвинителството бара определување мерки за обезбедување присуство за 13 полицајци од Штип и Кочани, кои се сомничат дека сториле тешки дела против општата сигурност поврзани со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Како што информираше обвинителот Љупчо Коцевски, полицајците се гонат бидејќи за време на акциската контрола на 16 март 2025 година, не ја спречиле активирацијата на пиротехнички средства на сцена каде настапувала музичката група ДНК, при што избувнал пожар. Притоа, не било преземено дејствување за заштита на присутните лица, и покрај тоа што локацијата била исполнета со голем број граѓани.

„Палењето на пиротехниката не било пријавено во Полициската станица Кочани, а истата предизвикала пожар. Во текот на акциската контрола полицајците не преземале мерки за заштита на граѓаните“, изјави Коцевски.

Обвинителството утврдило дека осомничените, во својство на службени лица, од 14 до 16 март, не постапиле според прописите за заштита и без да ги почитуваат стандардните оперативни процедури, одобриле план за акциска контрола во Кочани. Овој план бил изготвен врз основа на претходни документи, без соодветна анализа на ризикот.

„Иако биле задолжени да проверат дали контролата е во согласност со безбедносните стандарди, тие го одобриле спроведувањето на планот, со што директно придонеле кон случувањата што доведоа до трагичниот настан“, нагласи обвинителот.

Против осомничените се води постапка, а обвинителството ќе продолжи со истражни дејствија за целосно расчистување на одговорноста во случајот кој ја потресе јавноста.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio