Радио Кочани
Кочани

На експресниот пат Штип – Кочани неопходно е да се додаде по една коловозна лента на постојните и нивно физичко разделување

1,683
Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на експресниот пат Штип – Кочани“.
Панелот беше инициран од универзитетскиот професор Јован Шоповски со поддршка на општествено одговорната компанија „Амфенол Технолоџи Македонија“.
На панелот учествуваа и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, експерти и професори од универзитетите во Скопје и Штип, сообраќајни инспектори во регионот и други учесници засегнати од проблемите на новоизградениот експресен пат.
Сообраќајните експерти се согласија за неопходноста од подигање на безбедносните услови на оваа делница при што се предложија одржливи решенија.
Еден од најприфатливите предлог решенија на експертите е концептот „два плус два“, односно додавање по една коловозна лента на постојните и нивно физичко разделување.
Во дискусиите беа потенцирани и неколку критични точки на кои се случиле најголемиот број од несреќите во кои имаше жртви, при што освен возењето со неприлагодена брзина и непочитувањето на сообраќајната сигнализација, беа наведени и некои технички недостатоци за кои консензусот беше дека мора да се отстранат во најбрз можен рок.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio