Радио Кочани
Кочани

Наградата „Роман на годината“ за Калина Малеска

116

Романот „Светот што го избрав“ на писателката, професорка и книжевна преведувачка, Калина Малеска (1975), во издание на „Или-или“, е годинашниот добитник на наградата Роман на годината, која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

Покрај плакета и статуетка, Малеска доби и парична награда од 150 илјади денари, кои ги доделува генералниот покровител Комерцијална банка АД Скопје, веќе осма година по ред.

Свеченото врачување на наградата „Славко Јаневски“ , синоќа, во Драмски театар, се одржа по 26 пат, во џез амбиент.

Во најтесниот избор за една од најпрестижните признанија во домашната книжевност , годинава влегоа и двата романи : „Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски („Антолог“).

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio