Радио Кочани
Кочани

В САБОТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЧЕТВРТИОТ УРБАНО-РИДСКИ КРОС „МЛАДИТЕ ТРЧААТ“ ВО ЧЕСТ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИОТ ВАСЕ АНГЕЛОВ

614

В сабота, Општина Зрновци и Локалниот младински совет по четврти пат ќе го одржат традиционален урбано-ридски крос „Младите трчаат“.

Тркат е во чест и сеќавање на  прерано починатиот жител на Зрновци, Васе Ангелов.

Настанот се планира да  почнне во 11 часот од повеќенаменското игралиште „Васе Ангелов“, потоа да се одвива низ централните улици на Зрновци со крајна цел, повторно да биде игралиштето.

Целта на настанот е да се  промовира  спортувањето меѓу младите во Зрновци, како и чување на споменот на Ангелов.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio