Радио Кочани
Кочани

Винчини организира волшебен детски настан со Златно Славејче во Виница!

366
На 5-ти јуни (Четврток) 2025 година, со почеток во 11:00 часот,  Винчини со голема радост го организира незаборавниот детски настан Златно Славејче во паркчето кај Хотел „Александар Парк“ – Виница.
Настанот е подарок од Винчини за сите дечиња од Виница и околината, по повод почетокот на летниот распуст.
Очекуваме ден исполнет со музика, игра, смеа и среќа – магичен момент што ќе остане во детските срца.
Програмата вклучува настапи од омилените детски изведувачи, интерактивни игри, подароци, како и многу изненадувања што ќе го разубават денот на најмладите.
Настанот ќе биде најавен и преку сите училишта и градинки во регионот, со цел секое дете да биде дел од оваа посебна прослава.
Ве покануваме сите – родители, наставници и најмладите – да ни се придружите во славењето на детството и летото!
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio