Радио Кочани
Кочани

Лидерска конференција што носи финансиска моќ за малите и средни бизниси: Виница во фокусот на бизнис развојот

255

Ако си сопственик на мал или среден бизнис, менаџер со визија или претприемач во развој – ова е твојата покана за промена.
Во организација на Фондација Прогресив Академија, во Винчини Развоен Центар – Виница, ќе се одржи Прогресив Лидерска Конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“, на 15 мај (четврток) со почеток во 11:00 часот.

Конференцијата е вистинска можност лично да ги запознаеш клучните луѓе и институции што можат да му помогнат твојот бизнис да обезбедипристап до капитал, поддршка и нови пазари.

 На едно место – знаење, контакти и инспирација.

Преку три фокусирани панели, ќе бидат презентирани конкретни финансиски и донаторски инструменти, поддржани со практични искуства

Панел 1: Финански инструменти за финансирање на мали и средни претпријатија
Маја Столевска
– Главен регионален координатор меѓународен советник во Западен Балкан oд Европска Банка за обнова и развој
Марија Јаневска–претставник од Агенцијa за поддршка на претприемништво
ШПАРКАСЕ БАНКА – GO DIGITAL
Горан Ковачев – раководител на сектор планирање и анализа од Развојна банка на Македонија

Панел 2: Донаторски инструменти за финансирање на бизнисите
Димитар Ангелкоски
– претставник од финансиско друштво FACTOR TRUST
Игор Стојменоски – независен консултант за ИПАРД
Александар Стамболиев – извршен директор на Акцелераторот на УКИМ
Тања Георгиевска – Заменик тим лидер од Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ панел

Панел 3: Можности за развој на бизнисите
Ѓоко Вукановски – оперативен менаџер на Македонска Асоцијација на човечки ресурси
Биљана Митева – претседател на Македонско – Бугарска стопанска комора
Ромео Костадинов – сопственик на ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС
ДимитарСалов – Раководител на трговско-економска канцеларија во Бугарска амбасада

Настанот е отворен за сите заинтересирани за раст и развој на сопствениот бизнис. Местата се ограничени – пријавете се ТУКА и осигурајте го вашето место!
Цена за едно лице – 1000 денари, за две лица од иста компанија -1500денари

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio