Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Комерцијална банка донираше возило за транспорт на пациенти на Општата болница во Кочани

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани доби донација од Комерцијална банка АД Скопје – возило наменето за транспорт на пациенти.

Донацијата е од особено значење за установата, која секојдневно се соочува со потреба од безбеден и навремен транспорт на болни лица. Со ова возило значително ќе се олесни работата на медицинскиот персонал, но и ќе се подобрат условите за здравствена заштита на граѓаните од Кочани и регионот.

Од болницата изразија голема благодарност до Комерцијална банка, нагласувајќи дека ова е пример за општествена одговорност на дело.
Со оваа донација, Комерцијална банка даде свој конкретен придонес во унапредувањето на здравствените услуги и поддржа една од најважните јавни институции во нашиот град“, истакнаа од менаџментот на болницата.
