Радио Кочани
Кочани

AМФЕНОЛ ВРАБОТУВА – Административен работник

810

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место:

 

 Административен работник  – Поддршка на купувач – ПЕ ТЕЛ АД

Одговорности и задачи:

  • Примање на нарачки од купувач и внесување во систем
  • Управување со нарачките од момент на внесување на нарачката во систем до нејзината испорака.
  • Контрола на издавање на налог за нарачка на материјали откако е активиран во MRP системот
  • Изработка на дневен извештај за залихи и недостиг на материјали и постојана комуникација со тимот за набавки
  • Координација со целокупниот тим на логистика за решавање на проблеми со недостатоци на материјали и суровини кои може да влијаат на претходно одобрени датуми на испорака кон купувачи / клиенти
  • Следење и управување со промени направени од страна на инженерскиот тим и нивна имплементација

Потребни квалификации:

  • Образование : високо образование, предност – Економски факултет/Бизнис администрација
  • Работно искуство : особено во производствена фирма од соодветната област или дискуство со диретка комуникација со клиенти / купувачи
  • Знаења и вештини : солидно познавање на работа со компјутери MS Office, познавање на законска регулатива и документација во врска со увозни и извозни формалности, работа во MRP систем
  • Способности: комуникациски способности, способност за тимска работа, способност за работа под притисок и со кратки рокови;
  • Напредно познавање на Англиски јазик

 

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 09.05.2025 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.

Задолжително ставете назнака:

 

Административен работник  – Поддршка на купувач – во ПЕ ТЕЛ АД

 

Напомена:

  • Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
  • Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio