Радио Кочани
Кочани

Министерот за внатрешни работи во посета на Кочани…

1,088

Денеска  министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на зимското одмoралиште на МВР во Пониква каде што во овој период се сместени и престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители.

Во рамките на оваа посета министерот Тошковски имаше чест да присуствува на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и во една пријателска атмосфера да поразговара со нив.

Во разговорoт тој истакна дека жртвата што нивните најблиски ја дале за нашата татковина нè задолжува да направиме сè што е во наша надлежност со цел да им се излезе во пресрет на сите нивни барања и потреби и во таа насока потенцираше дека како министер им стои на располагање за нивна поддршка во рамките на надлежностите кои се од делокругот на работа на МВР.

Исто така, во рамките на посетата министерот се сретна и со припадниците на TППЕ и ДПД Кочани каде што од страна на пожарникарите беа посочени недостатоците и слабостите со кои се соочуваат овие две институции во нивното нормално функционирање.

Од страна на првиот човек на МВР беше истакнато дека и тие се свесни и веќе се работи за исчекор напред кога станува збор борбата со пожарите.

Исто така во оваа прилика Тошковски  имаше можност да се запознае со ресурсите на ДПД Кочани, како технички, во опрема и возила, така и човечки.
Притоа потенцираше дека е пријатно изненаден од возниот парк, како и човечките ресурси кои што ги посеудва едно ДПД, во случајот ДПД Кочани.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio