Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Подготвителни седмици и недели за Великиот пост
Пред почетокот на Великиот пост, Црквата одредила постепено воведување и навлегување во постот преку трите подготвителни седмици:
1. Започнува со седмицата на Митарот и Фарисејот, во која се чита евангелската парабола, и важно е да знаете дека во оваа седмица не се пости во среда и петок.
2. Потоа доаѓа седмицата на Блудниот син, во која се чита евангелската парабола и во оваа седмица (не е разрешено) се пости во среда и петок.
3. По оваа седмица, следува седмицата на Страшниот суд. Оваа седмица се нарекува уште и Месопусна, бидејќи во неделата од оваа седмица последен пат се јаде месо. Во оваа седмица може да се употребува риба, јајца, млеко и млечни производи, секој ден (и среда и петок).
4. По оваа седмица, следува седмицата на Адамовото изгонување од рајот во која всушност и започнува Великиот пост. Оваа седмица се нарекува уште и Сиропусна, бидејќи во неделата од оваа седмица е Прочка (Велики Поклади), последен пат се јаде сирење (млечни производи), јајца и риба.
Од следниот ден (понеделник) започнува Великиот пост. Сите недели заедно со трите подготвителни недели се претставени сликовито за да имаме полесна прегледност за сите недели до Велигден, што значи треба да ги следите неделите од најдолу па нагоре.