Радио Кочани
Кочани

Општина Зрновци објави електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште…

316

Во изминатиот период, стручната служба на општина Зрновци, интензивно работеше на уредување на градежното земјиште, што претставува клучен сегмент за урбанистичкиот развој на локалните самоуправи.

Како резултат на оваа работа, Локалната самоуправа на  Зрновци објави “ОБЈАВА бр. 1 за 2025 година”, која се однесува на отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на електронско јавно наддавање.

Во објавата се опфатени 21 парцела од трите населени места: Зрновци, Мородвис и Видовиште, со вкупна површина од 20 декари градежно земјиште, наменето за семејно домување во станбени куќи (А1).

Сите заинтересирани граѓани можат да се информираат за деталите на објавата преку официјалната веб-страна на општина Зрновци, www.zrnovci.gov.mk.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе