Радио Кочани
Кочани

Учениците од Ким Ко Инфо ги израдуваа дечињата кои се лекуваат на детското одделение во кочанската болница…

486

Учениците, членови на медиумскиот клуб ,,Ким Ко Инфо”, од ОУ ,,Св. Кирил и Методиј”, денеска го посетија детското одделение во кочанската болница.

На дечињата кои се на одделението, им донесоа подароци кои ќе ги насмеат нивните лица. Подароците беа купени од средствата од продадените ,,Боенка и песнарка за КиМ Ко – инфо” , кои беа изработени од страна на членовите на клубот по повод првиот роденден на клубот.

Членовите на клубот, им посакаа на дечињата брзо оздравување и најубави желби за Новата година. На детското одделение, членовите на клубот беа пречекани со задоволство и пофалба за иницијативата од страна на вработените, особено од доктор Андријана Миловиќ Лазарова. Сите беа со иста заедничка желба, да има што помалку болни дечиња, а што повеќе насмевки на детските лица.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio