Радио Кочани
Кочани

По повод претстојните празници – настапи на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Градскиот парк во Кочани

325

Во пресрет на новогодишните и божиќните празнувања, денеска во Градскиот парк во Кочани децата и учителките од Детската градинка „Павлина Велјанова“ прикажаа музички точки и театарска претстава.

 

Новогодишното хорче составено од деца од големата група од објектот „Ѕвездички“ испеа неколку новогодишни песни, а учителките од објектот „Цветови“ ја изведоа претставата „Нова година иде, што ли ќе биде?“.

Претпразничните содржини на градинката „Павлина Велјанова“ ги следеа ученици од основни училишта во Кочани.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе