Радио Кочани
Кочани

Подобрување на отчетноста: Општина Чешиново-Облешево со нова технологија за пренос на седниците…

107

Во рамки на проектот  „Зајакнување на општински Совети – Фаза II“, компонента 3 – „Подобрени општински услуги преку користење на технологија и иновации“, финансиран од страна на Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа (МЛС) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во текот на вчерашниот ден во салата на општинскиот Совет беше монтирана опрема за пренос на седниците на Советот во живо, преку YouTube канал.

 

Со реализацијата на оваа иницијатива, се очекува да се зголеми транспарентноста и отчетноста во работењето на општина Чешиново-Облешево. Преку овој проект, општината ќе им овозможи на граѓаните да бидат подобро информирани за активностите на локалната самоуправа. Општината продолжува со својата посветеност на подобрување на услугите за граѓаните и унапредување на комуникацијата со јавноста.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе