Радио Кочани
Кочани

На 20 декември – 60 години творештво, ретроспективна изложба на Танас Дедов

118
На 20 декември ЦК „Бели мугри“ ќе биде домаќин на ретроспективна изложба на еден од најплодните кочански ликовни творци, Танас Дедов.

Изложбата ќе биде сооставена од најзначајното што Дедов го создал во изминативе шеесет години од својата кариера како ликовен уметник.
„60 години од неговото творештво, 60 години посветеност во уметноста. Јубилеј за почит“, вели во своја објава на социјалните мрежи, Ана Дедова, поетеса, ќерка на Танас Дедов.
Почетокот на изложбата е закажан за 18 часот во салонот на спратот на ЦК „Бели мугри“.
Сите сте добредојдени! порачува Дедова.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе