Радио Кочани
Кочани

Јавен повик за поднесување предлози за користење средства од Програмата за спорт за 2025 година

171

Општина Кочани објави Јавен повик до спортските клубови, сојузи и здруженија за поднесување предлози за искористување финансиски средства од Програмата за спорт за 2025 година.

Спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2024 година на Општина Кочани се должни за потрошените средства од оваа година да достават Извештај  до Општина Кочани.

Во Јавниот повик се опишани елементите што треба да ги содржи Извештајот за потрошените средства и критериумите за доделување средства за 2025 година.

Спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2024 година на Општина Кочани треба да го достават Извештајот до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани најдоцна до 27.11.2024 година. Поднесениот Извештај претставува услов за користење финансиски средства за претстојната година.

Во прилог на Јавниот повик е образецот за Извештајот за наменски средства доделени од Општина Кочани, објавен на веб-страницата на Општина Кочани.

Јавен повик За поднесување на годишен извештај на спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2024 година на Општина Кочани поднесување на Програми за спорт за 2025година на Општина Кочани

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе