Радио Кочани
Кочани

Со проектот Инклузија на деца Роми во Детската градинка „Павлина Велјанова“ ќе бидат опфатени 20 деца од семејства во социјален ризик од Кочани

102

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, директорката на Детската градинка „Павлина Велјанова“ Јованка Ефтимова и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани го потпишаа договорот за соработка за проектот Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки за учебната 2024/25 година.

Со проектот Инклузија на деца Роми во предучилишно образование се ослободуваат од партиципација децата Роми од семејства во социјален ризик.

Според заклучокот на Владата, за 2024/25 година во Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани можност за ослободување од партиципација ќе имаат 20 деца Роми на возраст од 3 до 6 години.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе