Радио Кочани
Кочани

Доделени наградите и признанијата на кочанските учесници на меѓународниот ликовен конкурс во Кина

97

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги додели признанијата и наградите на творците на најуспешните цртежи на меѓународниот ликовен натпревар во Република Кина на тема: Повик за глобален мир на планетата Земја.

Лилјана Арсова, советник за образование во Општина Кочани соопшти дека на меѓународниот натпревар за сликање на млади 2023 година – Јангцу, Кочани зеде учество со 18 ученици и петмина ментори, кои освоија три трети, една втора и една трета награда.

Првата награда ја освои цртежот на Ведрана Лазарова, ученичка во Училиштето за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“, под менторство на Александра Димитрова, второнаграден е цртежот на Ангела Данилова од ОУ „Св. Кирил и Методиј’, под менторство на Марија Мицова Гацова, а трети награди добија: Драгана Филипова и Мила Захариева од Училиштето за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“ и Стефанија Атанасова од ОУ „Малина Попиванова“, под менторство на Викторија Митева.

–  Ви честитам за вашиот труд и желба да создавате и да го афирмирате пријателството што постои долги години меѓу Кина и Македонија, односно меѓу збратимените градови Кочани и Вуши. Овој начин на соработка нека придонесе за нејзино проширување со нови форми, а за вас нека биде мотив за нови успеси – истакна градоначалникот Папазов пред присутните.

На ликовниот натпревар учествувале 2 000 училишта во Јангцу, Република Кина и над 100  градови и партнери од 50 земји ширум светот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе