Радио Кочани
Кочани

Заврши ридско-брзинската трка „Пониква 2024“

2,718

На регионалниот патен правец од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква поточно од местото викано „Ѓубриште“ до целта на местото викано „Пашаџамина шума“, денеска се возеше  ридско-брзинската трка, во рамките на Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува за ФИА.

Организатор на трката беше Автомобилистичката федерација на Македонија со техничка поддршка од авто клубот „Перформанс“ од Скопје и Здружението на возачите – Кочани.

Дваесетинaта пријавени учесници , возеа на патека долга 5,3 километри, а стартот беше над градската депонија до рамнината на регионалниот пат кон Пониква, пред Шумската куќа.

Најдобар во првата трка беше Шакири Гентијан во категоријата прототип формула, со остварено време од три минути и 26 секунди, додека во втората прв до целта пристигна Бојан Петрушевски од тимот АК „Перформанс“ со своето возилo „Сеат Ибица“, класа Е1 2000 кубни сантиметри кој ја измина патеката за 3 минути и 30 секунди.

За жал втората трка не ја заврши Шакири Гентијан кога со својата прототип формула ТАТУС ФР 2000 се заби во заштитната банкина покрај патот.

-Натпреварот со тренинзите и техничкиот преглед вчера помина во најдобар ред. Имавме само еден застој поради излетување од патот н аедно возило. Денеска, истао така натпреварот помина во најдобар ред.

За овогодинешното издание на „Пониква 2024“ имавме пријавено 20 учесници од кои 16 го завршија натпреварот.

Имавме учесници од државата, како и од Србија, Косово и Хрватска.

Можно е оваа година да организираме и уште еден натпревар, сметам дека и догодина овој натпревар ќе влезе во работниот календар на Автомобилистичката федерација, истакна Павле Доневски, делегат на натпреварот.

Првата трка од „Пониква 2024“ почна во 10 часот, а час подоцна се реализираше и вториот дел од ридско-брзинскиот натпревар.

Поддршка за авто-рели трката даде и Министерството за спорт.

Д.Михајлов

 

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе