Радио Кочани
Кочани

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

463

Кај шест даночни обврзници на територија на општина Виница констатирани се неправилности, соопшти попладнево Управата за јавни приходи.

 

Оттаму информираат дека изминатиот викенд спроведени се 18 контроли за фискализација согласно Законот за регистрирање на готовински промет на подрачјето на општините Виница и Свети Николе каде се одржувале настани на отворени.

 

Притоа, кај два даночни обврзници на територија на општина Виница констатирани се неправилности по основ на неиздвање на фискални сметки, а кај четири физички лица констатирано е вршење на нерегистрирана дејност, кои понатаму по службена должност се проследени кај Државниот Ппазарен инспекторат за понатамошно постапување.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе