Радио Кочани
Кочани

Се одржува 10ти генерациски турнир во мал фудбал во Спанчево

1,283

Од 16ти  до  20ти август по десетти пат се одржува генерацискиот турнир во мал фудбал во село Спанчево – Општина Чешиново-Облешево.

На овогодинешното јубилејно издание учество  земаа 20 екипи од генерација 1970 до 2001, а  оваа година има и две екипи од помалите генерации, со цел спортот и дружењето да се пренесе и кај најмалите.

-Во с.Спанчево се одржува Генерациски турнир во мал фудбал,односно имаме јубилеј оваа година 10ти по ред.Турнирот е за дружба, забава, играчите на екипите мора да бидат од иста генерација и е единствен турнир од ваков тип во Македонија.

Минатата година имавме 16 екипи само од селото, сега имаме 20.

Би сакал да ги поканам сите од село Спанчево, но и од околните места, да го проследат турнирот,  да дојдат и да проследат добри натпревари, но и секако заеднички да се дружиме.

Изјави за Радио Кочани Организаторот на турнирот Ненад Гичев.

Целта на ваквиот спортски настан е дружба, но и пренесување на спортот или конкретно малиот фудбал и кај младите генерации со цел и тие да се насочат кон спортувањето.

Д.Михајлов

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе