Радио Кочани
Кочани

Изведувачот за затворање на кочанската депонија – од понеделник влегува со механизација

824

Од понеделник, 19 август, фирмата изведувач задолжена за затворање на депониите од проектот Регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион ќе ги започне првичните активности за затворање на депонијата во Кочани.

Ова е договорено на состанокот на градоначалникот Љупчо Папазов со заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, претставниците задолжени за реализација на проектот од Министерството за животна средина и Министерството за финансии и избраните изведувачи за затворање на непрописните депонии, што се одржа денеска во Министерството за финансии.

На денешниот состанок му претходи интензивна комуникација, која беше проследена и со официјални дописи од Општина Кочани со барање од органите на централната власт техничка и финансиска поддршка во решавањето на состојбата со кочанската депонија.

Општина Кочани се соочи со неповолна состојба и несакани ефекти од депонијата откако беа затворени депониите во Виница, Зрновци и во Чешиново-Облешево, поради што за 50 % се зголемија количините на отпад на ѓубриштето во Кочани.

На честите опожарувања на депонијата изминатиов период реагираа КЈП „Водовод“, ТППЕ и ДПД – Кочани кои интервенираа со механизација и формирање заштитен појас за спречување на ширењето на пожарот од ѓубриштето кон соседните површини.

Во КЈП „Водовод“ – Кочани тече постапката за набавка на алги за еколошки третман на отпадот.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе