Радио Кочани
Кочани

Поскапува дизел горивото за половина денар

77

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ја зголеми малопродажната цена на дизел  горивото за половина денар, а цената бензините еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 не се менува. Одлуката стапува на сила на полноќ.

Па така од утре дизелот ќе  изнесува 71,50 ден/литар. За половина денар ќе се зголеми и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 71 денар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,491 ден/кг и изнесува 46,295 ден/кг.

 

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 46,295 (денари/килограм)

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio