Радио Кочани
Кочани

Екипата на Чифлик победник на „Илинденските спортски игри – Чешиново 2024“

337

Со одигрување на финалниот натпревар помеѓу екипите „Чифлик“ и „Соколарци“ се спушти завесата на годинешното 52, издание на Илинденските спортски Игри – Чешиново 2024.

По победата од 2–1 во финалниот меч против екипата на „Соколарци“ „Чифлик“ е новиот шампион. На турнирот беа прогласени победниците за прво и второ место, како и најдобриот играч, а благодарници добија Полициската станица – Кочани и Судискиот актив при ОФС – Кочани.

Сите натпревари се одиграа на фудбалското игралиште ,,Даме Груев” во Чешиново.

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе