Радио Кочани
Кочани

ФА „Љупчо Сантов“- Оризари успешно го презентираа изворниот фолклор од Осоговијата во Србија

318

Од 28-ми до 31-ви јули Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари успешно го презентираше изворниот фолклор од Осоговијата во Србија, а добија и благодарница за најубава носија на фестивалот.

– На 28-ми јули беше дел од XV-от Меѓународен фолклорен фестивал „Босилеградско Крајиште пее и игра“ во Босилеград, каде што покрај настапите имаше натпреварувачки дел Членовите на Ансамблот беа гости на Фолклорната секција Младост од Босилеград.

– Од 29-ти до 31-јули, Ансамблот беше гостин на забратименото КУД Чарапанка, с. Крвавица, Крушевац, каде што по повод верскиот празник Огнена Марија се одржа концерт во домот на културата во с. Крвавица.

Членовите на Ансамблот заедно со домаќините од Крвавица дел од слободното време го искористија за разладување во базените на Спортскиот центар во Крушевац.

Активностите на Ансамблот продолжуваат со учество на Меѓународни Фолклорени фестивали во Бугарија и Црна Гора.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе