Радио Кочани
Кочани

Кристина Атанасова-Арсова нов в.д. директор на штипскиот Дом на култура „Ацо Шопов“

1,281

Променет е директорот на штипскиот Центар за култура. Во директорската фотелја на местото на Горан Трајков седнува Кристина Атанасова-Арсова. Таа е дипломиран актер, со 20 годишно работно искуство во штипскиот театар. Денеска го добила решението од страна на Министерството за култура дека е назначена за нов в.д. директор на Центар за култура Ацо Шоппов Штип, но функцијата официјално ќе ја преземе од понеделник кога досегашниот директор Трајков ќе се врати од одмор. Горан Трајков на функција директор на Центарот  за култура седна во март 2021 година, откако претходно беше во директорското столче на штипскиот Дом на млади. Тој дипломирал на Музичката академија во Скопје.

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе