Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот Љупчо Папазов ги додели наградите на најуспешните ученици и школски екипи

182

По повод Петровден, празникот на Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов ги награди првенците на генерацијата и најуспешните ученици од основните и средните општински училишта од Кочани.

Првенците на генерацијата: Ана Станојева (ОУ „Никола Карев“), Моника Иванова (ОУ „Крсте Мисирков“ – Оризари), Јована Карова (ОУ „Св. Кирил и Методиј“), Јован Божинов (ОУ „Раде Кратовче“), Илијана Стојилкова (ОУ „Малина Попиванова“), Јана Филипова (ОМУ „Ристо Јуруков“), Јован Филипов (СОУ,,Гошо Викентиев“) и Андреј Здравев (СОУ „Љупчо Сантов“) ќе патуваат на летување на островот Паг во Хрватска.

Градоначалникот додели пофалници и награди на менторите и на екипите што постигнаа највисоки резултати на државните натпревари во 2023/24 г.

На училиштата што постигнаа значајни резултати на натпревари, Општина Кочани им додели статуетки.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе